Студиото за теписи “ТТ ЕКСКЛУЗИВ“ – Скопје ви овозможува уникатен финиш на вашиот ентериер со големиот избор на теписи.
Изборот на тепих е издигнат на ниво на избор на уметничко дело со единствена можност за Нарачка на Уникатни теписи, дизајнирани од дизајнерскиот тим во Студиото на кој што можете и вие да се приклучите, збогатени со специјални техники на изработка, апликации и бои по желба на купувачите и потребите на ентериерот, во соработка со Регенерација –Забок, Хрватска, водечки производител на рачно изработени волнени теписи со WOOLMARK квалитет.
Во својот продажен салон Студиото за теписи “ТТ ЕКСКЛУЗИВ“ располага со голем избор на теписи со врвен квалитет изработени од природни материјали: кожа, памук и волна со модерен дизајн изработени од реномирани светски брендови Rаgolle, Lusotuffo, Brink & Campman и широка понуда во новата колекција на синтетички теписи и теписони за опремување на домот и деловните простории.
Посебно место завземаат и теписите од колекцијата Svarog. Дезените за оваа колекцијасе креираат во студиото а теписите се изработуваат во реномирани фабрики во Индија и Непал. |